Уцена во Ќерамидница: "Гласај за нас или ќе ти фрлиме молотов коктел во продавницата"

Две непознати лица уценувале сопственичка на продавница вчера во 17 часот.

44-годишната И.Т. пријавила дека во нејзината продавница во населбата Ќерамидница дошле две непознати лица на возраст од околу 50 години со патничко моторно возило „Мерцедес“ и ја побарале ќерка и З.Т. за да се договори со неа за гласање во Советот во општина Гази Баба, а за тоа понудил помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место

Во спротивно, според пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрлело молотов коктел во продавницата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.

 

 

 

11.11.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега