Тажна вест: Во Охрид почина познатиот писател

Во Охрид, вчера во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, писател од турска националност во Македонија, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено-политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година. Како поет, раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик.

Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „Буквар в срце“ и „Ѕвездени бакнежи“.

Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани денеска, во Охрид. 

 

 

 

11.11.2017 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега