Дете прободено во Ново Лисиче - во болница и таткото и братот

Околу 21 часот и 30 минути додека малолетникот Б.В од Скопје на булеварот “Видое Смилевски Бато“ бил заедно со уште неколку другари, му пришле малолетникот С. Д. неговиот 22-годишен брат Н.Д .и уште едно постаро лице.

Кога пристигнале С.Д му се заканил на детето дека ќе го прободе со нож заради некои претходни расправии, а кога малоелтникот тргнал да си замине, насилникот од позади го прободел со остар предмет во пределот на грбот, по што успеал да избега.

Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градска општа болница  “Наум Охридски“. Од страна на доктор првично се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на лекување.

Околу полноќ во Ургентен центар, лекарска помош побарале и 45-годишниот Д.Д. и Н. Д., татко и брат на детето, кои се пожалиле на повреди кои ги здобиле од истиот настан, а биле нападнати од лицата кои биле во друштво на Б.В.  

Од страна на доктор кај двајцата се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување. 

Се превземаат мерки за расчистување на крвавиот настан.

 

 

 

12.11.2017 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега