Му вперил пиштол и пукал - неготинчанец итно донесен на скопските Клиники

 

Триесет и седумгодишниот Л.С. жител на село Чегране вчера во 15 часот и 33 минути кај местото викано „Гропа“ во атар на село Неготино-Гостивар, по расправија со 33-годишниот Е.Е. од истото село кој напасувал овци, му го доближил пиштолот до десната дланка на Е.Е и испукал еден куршум, при што го ранил, а потоа побегнал.

МВР информира дека по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар, Е.Е е пренесен во Клиниката за пластична хирургија во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Причината најверојатно е претходно извршен физички напад од страна на Е.Е. врз братот на напаѓачот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

12.11.2017 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега