Трагедија во Македонија: Младо момче се заби во ѕид, почина на лице место

Едно лице го загуби животот откако доцна попладнето со патничко возило удри во бетонски ѕид во куќа во Прилеп.

Според портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленкоска животот го загубил 28 годишен прилепчанец со иницијали И.В.

-  До несреќата дошло околу 17 часот и 45 минути кога 28-годишниот прилепчанец кој го возел патничкото возило марка „хонда сивик“ со прилепски регистерски таблички, од се уште непознати причини, удрил во бетонски ѕид од куќа на улицата „Ножот“ во Прилеп. Потоа возачот удрил во паркирано патничко возило. Дваесет и осумгодишниот прилепчанец И.В. починал на самото место, изјави Миленкоска.

Увид на местото на несреќата извршија полицијата и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп кој нареди да се изврши обдукција врз телото на починатиот.

 

 

 

12.11.2017 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега