Страшна сообраќајка во Скопје - едно лице се бори за живот

Во сообраќајна несреќа, која се случила вчера на улицата „Ресенска“ едно лице се здобило со сериозни повреди.

Имено, возило од марката „Смарт“ управувано од М.Т. удрило во автомобил од марката „БМВ“ со тетовски регистерски таблички, управуван од 22-годишниот Ш.М. од село Арачиново. Во незгодата М.Т.  се здобила со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Градска општа болница „8-ми Септември“, истата е во животна опасност, а додека Ш.М. се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

 

 

 

13.11.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега