Нападнат таксист во Скопје - му го попречиле патот па почнеле да го удираат

Нападнат таксист во Скопје.

Во полицискиот извештај се вели дека вчера во 04.00 часот, 61- годишниот З.Л од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03 часот и 15 минути на крстосницата на улица „Владимир Комаров“ со булевар  „Јане Сандански“ физички бил нападнат од непознато лице.

Од МВР соопштуваат дека тој, додека се движел со такси возило, во еден момент патничко возило „Рено -5“ со непозната реигстарска ознака му го попречило патот и се паркирало пред неговото возило. Од возилото излегло  непознато лице, се доближило до возилото, ја отворило вратата од возилото и  во еден момент со тупаница го удрил во пределот на брадата, од што се здобил со видлива повреда.  

 Другото непознато лице  со нога удирало по вратите од возилото. З.Л., во еден момент успеал да им побегне на напаѓачите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.11.2017 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега