Наставник од Кичево му се заканувал со пиштол на директорот

Тој по вербална расправија со директорот извадил пиштол велејќи му дека ќе го убие ако не го реши неговиот проблем.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 56- годишниот  Ш.Ј од село  Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„Ш.Ј., наставник во општинско средно училиште „Дрита“ во Кичево, на 31.10.2017 година во 10.00 часот, во канцеларијата на директорот, после вербална расправија, му се заканил дека ќе го убие со пиштол, доколку не го реши неговиот проблем“, наведуваат од МВР.  

 

 

 

 

13.11.2017 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега