Младо момче од Куманово излета од пат - итно на Ургентен
Дваесет и едно годишниот А.И. од село Ваксинце е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на регионалниот пат село Липково-Куманово на местото викано Оризарска чешма.
А.И. управувајќи автомобил „Ауди“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво, по што бил пренесен во кумановската болница, од каде по барање на родителите е препратен во Ургентниот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди.
14.11.2017 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа