Скопјанка заврши во болница: Љубоморниот сопруг ја нападнал на спиење
Скопјанката А.Д.синоќа во полициска станица го пријавила својот сопруг кој физички ја нападнал.
Како што информираат од полицијата 37-годишната скопјанка пријавила дека додека спиела во семејниот дом, нејзиниот сопруг, 41-годишниот А.Д. обвинувајќи ја за наводна љубовна врска се нафрлил врз неа удирајќи ја со тупаници по главата и телото.
-Откако пријавителката успеала да се ослободи од сопругот си заминала кај нејзините родители, а потоа и пријавила во полиција. Бидејќи оштетената не се чувствувала добро побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Пријавителката посочила дека сопругот и претходно ја малтретирал, но дека истата досега не го пријавувала, информираат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа