Како со евтин трик хакерите можат да го „зезнат“ и најскапиот телефон (видео)

 

Apple  неодамна го претстави модело iPhone X, а како една од најголемите новини кои ги воведе компанијата е системот Face ID, односно отклучување на телефонот со препознавање на лицето. Сепак, овој систем изгледа и не е толку сигурен.

Имено, хакерите од фиетнамската компанија „Bkav“ тврдат дека со маска успеале да го прелажат системот на телефонот iPhone X. Како наведуваат, за овој потфат користеле маска која е комбинација од 3D печатач, дводимензионални фотографии и шминка, а во чија изработка вложиле 150 долари.

Тие својот експеримент го спровеле пред камерите на телевизијата ВВС. На крајот, порачаа дека Face ID и натаму не е безбедна технологија.

– По десет години развој, отклучувањето со лице се уште не е доволно обезбедување за компјутерите и паметните телефони, предупредуваат хакерите.

 

 

 

 

16.11.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега