Ученик нападнат кај Народната Банка во Скопје
Околу 15 часот и 30 минути во Единицата за информирање и командување Скопје, Г.М. се јавил и пријавил дека истиот ден околу 13 часот, неговиот 16 годишен син од селото Побожје, откако завршил со часови и чекал на автобуската постојка во близина на Народна банка, заедно со негови другари, бил физички нападнат од неколку лица.
Се работи за насилници на возраст од 16-17 години.
Од нападот малолетникот се здобил со видливи повреди, а се пожалил и на болки во главата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
17.11.2017 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа