Скопјанка му раскинала по три години: "Ќе ти ги објавам голите фотки на Фејсбук"

 

Четириесет и едногодишна скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен 32-годишен љубовник физички ја нападнал и се заканувал дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина.

Според пријавата, 41-годишната Л.Е. била три години во љубовна врска со З.П. и во мај годинава одлучила да ја прекине врската по што тој почнал да и се јавува на телефон и да се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели.

По краток период, испратил дел од фотографиите на Фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, според пријавата, во мај годинава З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото.

Како што стои во денешниот билтен од полицијата, Л.Е. досега не го пријавила случајот бидејќи се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.11.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега