Руска маста од 3 состојки: За десет дена од болеста остануваат само спомени

 

Рецептот за магичната руска маст се појави на социјалните мрежи и моментално стана вистински хит. Ремек дело на алтернативната медицина, се подготвува максимално едноставно, а според оние кои ја користат, е неверојатно ефикасна.

На сајтот се напоменува дека може да се користи како лек против бронхитис, отитис, ангина, опекотини, модрици, отворени рани, пукнатини на кожата на рацете и нозете, воспаление на јајници, трофички чирови и низа други женски болести.

Што се однесува до надворешната употреба, маста се нанесува со облоги или едноставно со триење на местото. Покрај тоа, може и да се користи внатрешно, односно да се консумира како храна. Во таа насока, се препорачува 3 пати дневно по пола кафена лажичка, секогаш пред оброк.

За подготовка на оваа делотворна маст Ви е потребно растително масло (на пример од Кантаријон), едно јајце и околу 60 грама восок од пчели.

Подготовка:
Јајцето се вари и од него се користи само жолчката. Истата се гмечи во сад, додека во тава се става маслото заедно со восокот на тивок оган. Штом восокот почне да се топи, се додаваат парчиња од јајцето, малку по малку, трошка по трошка. Маслото ќе почне да пени, па бидете подготвени брзо да го отстраните од оган.

Откако смесата ќе се излади, се препорачува да се чува во стаклена тегла во фрижидер. Рокот на употреба на маста е 10 месеци.

Напомена: доколку се решите да ја нанесувата маста преку облоги, потребно е таа да се загрее на водена пареа.  

 

 

 

17.11.2017 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега