При претрес на стан, македонската полиција пронајде четири килограми марихуана
Околу четири килограми марихуана открила тетовската полиција при претрес во стан во кој како потстанар живеело лицето 32- годишен А.Г од Тетово.
При претресот, кој бил направен по добиена наредба од Основен Суд Тетово, а по претходни оперативни сознанија на полицијата, во станот била пронајдена наркотична дрога марихуана сокриена во различни делови од станот - во пластично буре, стаклена тегла, најлонско ќесе и во две зипер кеси, во кујната, ходникот и спалната соба.
Пронајдените предмети, заедно со дрогата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени и предадени на вештачење. А.Г. бил приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претресот, како што соопшти денеска МВР, бил направен на 16 ноември годинава во периодот од 17.35 до 18.35 часот. Станот на А.Г. се наоѓал на улицата „14‘“ во Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа