„Ибица“ се искрши забивајќи се во комбе - тешка сообраќајка ја разбуди Кисела Вода

 

Утринава пред околу еден час, дошло до тешка сообраќајна несреќа на крстосницата на улиците „Тоне Томшиќ“ и „Божидар Аџија“, кај студентскиот дом Пелагонија во скопската населба Кисела Вода.

Според досегашните информации, несреќата се случила кога автомобил „Сеат Ибица“ со скопски регистарски таблички се забил во комбе исто така со скопски регистрации. Предниот ден на „Ибицата“ е комплетно уништен и распарчен на улицата.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

 
29.08.2013 - 08:45

најчитано сега