Крвава завршница на тепачка меѓу две девојки во валандовско
Во вторникот наутро дошло до крвава тепачка меѓу две девојки во валандовското село Калково.
Како што информираат од полицијата, поради претходно недоразбирање, 33 годишната У.Ф. и 19 годишната струмичанка Т.И. почнале да се тепаат. У.Ф. се збеснала и со нож ја прободела својата противничка во градниот кош. Ова го налутило сопругот на Т.И. па тој со вила ја удрил У.Ф. во главата.
Двете жени биле пренесени во гевгелискиот клинички центар, од каде, поради тешките телесни повреди Т.И. била пренесена на скопските клиники.
Се работи на расветлување на случајот.
29.08.2013 - 11:27