Полицијата поднесе пријава против скопјанецот што обвиткан со петарди дојде на судењето за „Диво Насеље“

 

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против 57- годишниот скопјанец кој на 2-ри ноември се појави пред Врховен суд носејќи петарди околу појасот и заканувајќи се .

Од Полиција информираат дека Тој првин отишол во адвокатска канцеларија во Стара чаршија, каде оставил лист испишани закани, а потоа се упатил кон судот каде се изрекувваа пресудите за „Диво Насеље“

Таму бил сопрен од полицијата, која по испитувањето утврдила дека прачките прицврстени на појасот за кои првично се мислело дека се динамит, биле петарди.

 

 

 

 

 

 

23.11.2017 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега