Во Илинден се одржа прв форум со работодавачите

 

Општина Илинден е прва општина во Република Македонија во која почна да се реализира проектот Форум со работодавачите.

На Форумот што се одржа денеска, покрај градоначалникот Жика Стојановски присуствуваа и дваесеттина претставници на бизнис секторот кои имаа можност да се запознаат со стратегиите и политиките за вработување на Владата на Република Македонија, како и планираните активности за вработување и ублажување на невработеноста.

На средбата претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, како и на локалната самоуправа, во насока на јакнење на соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво, на присутните работодавачи им ги презентираа активните програми и мерки за вработување. Истовремено, работодавачите имаа можност да дадат свои забелешки, предлози и сугестии, кои што можат да бидат вградени во Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014 година. 

29.08.2013 - 14:15
Фото: 
А1Он

најчитано сега