Предмети кои не смеете да ги миете со детергент за садови

 

Сите ние детергентот за садови го доживуваме како повеќенаменско средство. Колку пати сте го користеле за отстранување на дамки од облеката, за чистење на разни површини и предмети? Во продолжение прочитајте ја листата на предмети и површини за чие чистење не смеете да користите детергент за садови.

Автомобил

Оние кои својот автомобил не го перат во автоперална туку дома често знаат да го користат детергентот за миење садови. Избегнувајте негово користење наместо шампонот за перење на автомобили, бидејќи детергентот за садови може да и наштети на бојата. Специјализираните шампони за автомобили ја штитат бојата и горниот слој на лакот.

Прозорци и огледала

Овие површини често ги миеме со детергентот за садови. Меѓутоа, дали знаете дека детергентот наместо сјај може да ви остави траги на прозорците и огледалата? Во зависност од тоа колку е интензивен, може да биде мошне абразивен, затоа подобро немојте да ризикувате и не ги мијте стаклените површини со него. 

Облека наменета за хемиско чистење

Дамките на облеката направена од чувствителни и фини ткаенини кои не ги перете туку ги носите на хемиско чистење никогаш немојте да ги третирате со детергент за миење садови. Често, тоа ни е првата реакција кога на омилените панталони од штоф ќе ни „долета“ парче храна и ќе ги измрси, но имајте на ум дека детергентот може да ја оштети ткаенината па подобро не ја отстранувајте дамката со него.

Машина за миење садови

Останавте без таблетите за машината за миење садови и имате намера да ги замените со детергентот за садови? Не го правете тоа, освен ако не сакате просторија полна со пена. За разлика од обичниот, специјалниот детергент кој е прилагоден за миење во машината за садови прави помалку пена од обичните и полесно се плакне од садовите.  

 

 

 

27.11.2017 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега