Србија среќна што Македонија ја укина заштитната мерка за условен увоз на пченица

 

 

Српската Влада ја поздрави одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна.

Како што изјави министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ, Србија очекува Македонија во иднина да не спроведува вакви мерки зашто тоа е од интерес за двете страни.

- Ако ги искористиме сите потенцијали, трговската размена меѓу двете земји може да достигне една милијарда евра наспроти сегашните 600 милиони, рече Љајиќ.

Македонија ја воведе мерката за условен увоз на пченица и брашно во јули годинава за да го заштити домашното производство. Откако надлежните оценија дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици за какви било нарушувања, донесена е одлука за укинување на мерката на 2 септември, а за брашно во првата половина на идниот месец.

30.08.2013 - 09:31
Фото: 
канал 5

најчитано сега