Шипка му се забила во слабината - скопјанец загина во трагична несреќа

 

59 годишниот скопјанец Митко Б. вчера загинал работејќи во Ранжирната станица во Трубарево.

Според информациите од МВР, скопјанецот кој работел во работилницата за поправка на товарни возови, случајно бил прободен во слабината со метален профил од челична конструкција.

Митко бил веднаш пренесен во скопскиот Ургентен, но, за жал не успеал да се избори со повредите. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а телото на скопјанецот било предадено на обдукција.

30.08.2013 - 10:15

најчитано сега