Ѓорѓиевски: Бојкот до моментот додека не се амнестираат сите политички затвореници
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ја напуштија седницата на Општината Кисела Вода во знак на револт поради притворените пратеници од немилите настани на 27 април годинава.
-Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ поради политичките случувања минатата седница го напуштивме советот и овој пат ќе биде истото. Се договоривме да учествуваме на наредната седница каде што ќе се усвојува буџетот во интерес на нашите сограѓани во Кисела Вода, а борбата ќе ја продолжиме и понатаму се додека не бидат амнестирани луѓето кои што се политички гонети во Македонија, вели Орце Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа