Нема нешто поздраво - докторите препорачуваат да се пие секој ден за долг и квалитетен живот
Сурутката многумина не ја сакаат, но кога ќе дознаете колку е здрава, дефинитивно ќе ја пиете секој ден. Таа уште во дамнешни времиња се употребувала како народен лек и може да ви помогне да се ослободите од различни болести и тегоби.
Долго време се сметаше дека Норвежанките својот совршен тен ѝ го должат токму на оваа напивка, а доктор Паво Авиола советуваше пиење на сурутка за долг и квалитетен живот. Доказ дека навистина бил во право е англискиот селанец Томас Пар, којшто наводно пиел сурутка секој ден и живеел 152 години.
Сурутката е погодна за сите возрасти - од раѓањето, па сè до смртта. Според составот е слична на мајчиното млеко, па може да се употребува и како замена за млеко кај доенчињата.
Сто грама сурутка содржи само 2 калории, па им се препорачува на оние лица коишто водат грижа и за својата исхрана, и за својата добра линија.
Чистиот црн дроб е клуч за добро здравје, а сурутката е моќно сретство за отстранување на токсините. Помага кај цироза и овозможува подолг и поквалитетен живот. Покрај тоа, сурутката се употребува и против хроничен замор, стрес, гојазност, висок крвен притисок, пад на имунитетот, проблеми со желудникот, кандида, и тн. Како моќен антиоксиданс, сурутката помага и при проблеми со штитната жлезда, кај упорни воспаленија и Паркинсонова болест.
Спортистите јчесто ја конзумираат за подобра издржливост, а дамите за губиток на одвишокот на килограми. Таа изобилува со електролити, го хидрира телото и му дава енергија. Најчесто се препорачува козјата сурутка, но добра е и кравјата. Освен за пиење, сурутката може да се употребува и за нега на кожата и косата, при подготовка на пецива, десерти, смути напитоци, и сл.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа