Од голтар станал милионер - крадците во Прилеп не знаат за стоп
Од куќа во Прилеп ноќеска се украдени пари и накит во вредност од милион денари.
Според МВР, кражбата била извршена во куќата на А.А (54) на ул. „Целе Павлоски - Џгуре“ во Прилеп. Крадецот насилно ја отворил гаражната врата и влегол во куќата, при што одзел 1.100 денари, 13.060 австралиски долари, 6.050 евра и златен накит. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот.
30.08.2013 - 13:06