Пожарникари го извлекуваат автомобилот од Вардар - откриено како паднал во водата
Несреќа се случи предмалку во Центарот на Скопје кога кај Камениот Мост автомобил падна во водите на Вардар.
Според информациите на Сакамдакажам, во автомобилот сепак немало патници, а тој е заглавен меѓу фонтаните кај Камениот Мост и Мостот Око, а возилото паднало во близина на Владата.
- „Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови“, пишува САКАМДАКАЖАМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа