Обид за убиство во Гостивар: Му заѕвониле на врата па го застрелале

 

Педесет и осум годишниот Е.Р. од Гостивар е повреден од огнено оружје откако маскирани лица му влегле во домот вчера околу 20 часот и 40 минути.

Од полицијата информираат дека три непознати лица со фантомки на главите заѕвониле на влезната врата, а оштетениот мислејќи дека е неговиот син се упатил кон вратата.

-Во тој момент лицата влегле во куќата и едно од нив физички го нападнало при што Е.Р. паднал на подот. Еден од сторителите вооружен со пиштол, испукал кон Е.Р. и го погодил во десната нога. Е.Р. е пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му е констатирана влезно-излезна рана во пределот на десната подколеница, по што е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, информираат од полицијата.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

28.12.2017 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега