Се скарале за паркинг - маж од Врапчиште прободен со нож

63-годишниот В.С. од село Врапчиште вчера здобил повреда на левата страна од стомакот нанесена од нож и бил донесен во гостиварската болница.

-Истиот ден околу 22 часот и 20 минути в о Врапчиште пред куќата на 68-годишниот А.А. по претходна расправија поради паркирано патничко моторно возило, А.А. од дома земал кујнски нож и го прободел В.С. во пределот на стомакот.  В.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

28.12.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега