Цело маало бркало крадци во Кисела Вода - интервенирале Алфите
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Кисела Вода, Аеродром и Драчево, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 24-годишниот Ж.В. и 22-годишниот М.А. од Скопје, поради постоење основи на основи на сомнение дека извршиле едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.
Двајцата на 25. околу 10 часот и 40 минути дошле до стан на улицата „Вера Јоциќ“. М.А. заѕвонил на влезната врата. Откако никој не им отворил, Ж.В. со употреба на погоден алат и физичка сила, преку прозорец на тоалет, влегол во станот. Во дневната соба ја забележал сопственичката, по што веднаш избегал од истиот прозорец. Во моментот кога излегле од зградата, тие биле забележани од други лица кои се јавиле во полиција и почнале да одат по нив и да ги следат за да не избегаат.
Неколку улици подолу од местото каде го извршиле делото, Ж.В. и М.А. биле пресретнати од екипа на единицата Алфа и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, кои ги фатиле и ги лишиле од слобода.
Со потврда за одземени предметите, од Ж.В. биле одземени предметите со кои го извршил кривичното дело, а врз основа на судска наредба, на 25.12.2017 година бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени едно пакување марихуана, како и фалсификувани чешки документи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа