Арслани кој одлежува 11 години ослободен од затвор

 

Фадил Арслани, осуден на 11 и пол години затвор за предметот „Чекан“ денеска е ослободен од затвор, потврдија од таму за Алсат М, објаснувајќи дека привремено е прекината мерката казна затвор поради неговата здравствена состојба.

Третманот на Арслани во болница може да потрае и 20. дена, а потоа се враќа во ќелијата.

Во јули 2016 година лицата познати како лихвари од Гостивар добија вкупно 53 и пол години затвор. Вкупно беа осудени седум лица. Криминалната група, вклучена во случајот „Чекан“ опрерираше во регионот на Гостивар уште од 2008 година. 

 

 

 

 

29.12.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега