Грчката национална банка одобри план за рекапитализација

Националната банка на Грција го одобри планот за рекапитализација во вредност од 9,76 милијарди евра, и нејзиното раководство тврди дека ќе се соберат доволно средства од приватни извори за да се избегне национализација.

Националната банка на Грција, која е најголема банка во земјата во однос на активите, соопшти дека акционерите одобриле план, кој е неопходен за да се гарантира солвентност на банката, а поголемиот дел од загубите ќе се компензираат од големото преструктуирање на државниот долг од минатата година.

Поголемиот дел од свежите пари за банката ќе ги обезбеди грчкиот фонд за финансиска стабилност. Четирите најголеми грчки банки - Националната банка на Грција, Еуробанк, Алфа и Пиреја - се вклучени во шемата за рекапитализација со вкупна вредност од 27,5 милијарди евра.

Но Еуробанк веќе соопшти дека не може сама да собере 10 проценти од потребните пари, што е услов за да остане приватна банка.

најчитано сега