Пијано момче избоде постар кумановчанец

 

Во Куманово синоќа дошло до крвава расправија меѓу двајца кумановчани.

Како што информираат од полицијата, на тепачката меѓу 27 годишниот С.С. и 65 годишниот Б.К. и претходела расправија пред кафе барот „Нама“ по што Б.К. заминал во казиното „Адмирал“. Откако тој излегол од таму овторно пред кафе барот „Клуб“ се сретнал со С.С. кој му забодел нож рамото. Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.

С.С. е приведен и задржан во СВР-Куманово и кај него е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,29 промили. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

31.08.2013 - 14:18

најчитано сега