Подземниот катастар ќе профункционира за пет месеци

 

За околу пет месеци во Македонија ќе профункционира подземниот катастар, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Законските основи се веќе донесени, а од вчера е во функција и подзаконскиот акт, Правилникот. Во тек е набавка на софтвер, процес што ќе трае 40 дена, сите подготовки се направени, вклучувајќи ги и тренинзите на вработените.

До фервуари софтверот, по набваката, ќе се полни со податоци.  

- Некаде во февруари идната година можеме да ги очекуваме првите изводи од подземниот катастар што на компаниите ќе им служи многу ако сакаат да игзрадат или да направат нешто, изјави Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на кошаркарите пред нивното заминување на Европското првенство во Словенија. 

31.08.2013 - 14:25
Фото: 
е-вести

најчитано сега