Новите винарии во Тиквешко почнаа да откупуваат грозје
Една од трите нови винарии во Тиквешко стартуваше со откуп на грозје, а двете други се подготвуваат тоа да го сторат деновиве, информира денеска претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија”.
- Винарницата изградена од македонски капитал веќе преработува грозје, а за некој ден тоа ќе го сторат и винарниците изградени со германски, односно американски капитал. Очекуваме со тоа да се создаде поголема конкуренција кај винарите при откупот и лозарите да имаат посигурен пласман и подобри цени, нагласи Аризанов.
Менаџерот на винарската визба „Аневски” од Штип чија изградба во селото Марена е во завршна фаза со помош на американски капитал, потврди дека за неколку денови ќе почне преработката на грозје. Моментно на откупниот пункт се преземаат вранец и ризлинг.