„100 - годишнина од балканските војни: Историска можност за трајно помирување помеѓу народите“

 

Институтот за политички и интеркултурни студии поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка денеска организира дебата на тема „100 - годишнина од балканските војни: Историска можност за трајно помирување помеѓу народите“.

Како што е најавено, се очекува во дебатата да учествуваат проф. Владо Поповски, политичарот Стојан Андов, проф. Стево Пендаровски, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, актуелната градоначалничка на Тетово и професор Теута Арифи, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Кире Наумов, проф. Аднан Јашари, поранешниот амбасадор Ристо Никовски и професор Жидас Даскаловски, како и Душан Јањиќ, директор на белградскиот Форум за етнички односи, косовскиот политичар и советник на Владата во приштина Азем Власи и албанскиот историчар и политичар Паскал Мило.

01.09.2013 - 10:16

најчитано сега