Љубоморен маж безмилосно си ја запалил сопругата - еве што ја снашло несреќната Надица
52 годишниот Станиша М. од местото Равниште кај Крушевац и 50 годишната Надица М. од Пожаревац биле хоспитализирани со тешки изгореници по целото тело и тие се борат за нивните животи.
Пожарот во кој тие ги заработиле изгорениците го предизвикал Станиша, кој би опседнат со сомнежите дека неговата партнерка има љубовник. Тој го подметнал пожарот додека таа спиела во нејзината куќа. Прво ја полеал со лепак за паркет, а потоа ја запалил. Истото го направил и на себе.
Пламени јазици ги зафаталиле нивните тела и тие во паника трчале низ собата и викале за помош. Потоа излегле надвор и оганот го гаснеле со вода од црево. Тие биле итно пренесени во болница со изгореници од втор, трет и четврт степен.
Жената заработила изгореници на 90 отсто од телото, а мажот на околу 60 отсто.