Златна Зора повторно на протест - овој пат не ги пуштаа Албанците да си се вратат дома
Граничниот премин Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, денеска неколку часа не функционираше поради протест на членовите на неонацисктичката грчка партија Златна зора, јави дописникот на МИА од Тирана.
Тие се собрале на грчка страна од преминот на ненајавен протест. Првиот човек на албанскиот премин Илбер Зибери потврди дека преминот бил блокиран и оти не им се дозволувало на Албанците да се вратат во Грција по годишните одмори минати во матичната земја.
Големи полициски сили ја набљудувале ситуацијата од двете страни на границата, за да спречат евентуален инцидент.
Засега не е позната причината зошто Златна зора протестираат на овој премин.
01.09.2013 - 15:39