Рател: Уште осум лица под истрага за трговија со органи

- Ние сме збунети од одлуката на Советот на Европа да не му го одземе имунитетот, бидејќи Марти изјави дека пронашол докази за трансплантацијата и ние сме разочарани што тој не сведочеше. Тоа беше несреќна околност, изјави Рател по изрекувањето на пресудата за случајот „Медикус“.

Рател дополн дека случајот со „Медикус“ не е затворен и дека за истиот може да бидат покренати уште обвиненија против осум лица. 

Тој ја издал наредбата против овие лица, за кои смета дека се во и надвор од Косово. 

Мешовитиот судски совет, составен од двајца судии на ЕУЛЕКС и еден локален од Основниот суд во Приштина вчера го прогласи за виновен сопственикот на клиниката „Медикус“ и уште четири лица, во случајот со трговија на органи на таа приштинска клиника и ги осуди на вкупно 20 години затвор.

најчитано сега