Голем пожар во Ресен - куќите на три семејства целосно изгореа

 

Пожар избувнал вчера утро во куќите сопственост на 51-годишниот М.Д., 43-годишниот В.А. и на Н.З. во Ресен во кој биле опожарени покривните конструкции, собите и покуќнината, а при неговото гаснење биле оштетени дел од ѕидовите и покуќнината.

Како што информираат од МВР, во пожарот нема повредени.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.

Пожарот, како што соопшти МВР, најверојатно настанал на покривот, односно на оџакот од куќата на М.Д.

 

 

 

18.01.2018 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега