МОН, УКИМ и АМС ќе договoрат формирање на институт за спорт

 

Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Факултетот за физичка култура ќе потпишат меморандум за соработка за формирање институт за спорт.

Институтот ќе биде во склоп на Факултетот за физичка култура, а неговото основање е дел од реализацијата на Програмата на Владата на РМ за развој на спортот во Република Македонија.

Меморандумот во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе го потпишат министерот за образование и наука Спиро Ристовски, ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски.

02.09.2013 - 09:10

најчитано сега