15 дена затвор за брзо возење

 

15 дена затвор, големи парични казни или одземање на возачката за 14 месеци. Ова се казните кои ќе ги заработат возачите во Србија кои го пречекоруваат ограничувањето на брзината до 30 километри на час во периодот од 7 до 21 часот во близина на училиштата.

Сообраќајната полиција и Комитетот за безбедност на сообраќајот поставија голем број пунктови со радари, кои ќе ја регистрираат брзината на движење и ќе овозможи редовно да се казнуваат возачите кои не ги почитуваат правилата.

Возачот има поголеми шанси да избегне несреќа или да не прегази дете доколку вози со 30 километри на час во реоните околу училиштата.

-Изминатите 10 години има голем број несреќи во близина на училишта, поради што воведуваме ограничување на брзината на 30 километри на час, вели Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност на сообраќајот.

02.09.2013 - 10:20

најчитано сега