Денеска седници на две собраниски комисии

 

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија и за образование, наука и спорт.

На дневниот ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем,  на Законот за градење, на Законот за внатрешната пловидба и на Законот за управување со отпадот. Предлогот на дневниот ред се дополнува со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, во второ читање. 

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука, за  Предлог-закон за изменување на Законот за иновациската дејност и за Предлог-закон за дополнување на Законот за просветната инспекција, сите во второ читање. На седницата ќе се дискутира и по Предлог-закон за националната рамка на квалификации, во второ читање и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за научно - истражувачката дејност, во прво читање. 

03.09.2013 - 08:48

најчитано сега