ВИДЕО: Може да се смести во кутија од 50 сантиметри - запознајте ја најфлексибилната девојка на светот
Најфлексибилна жена во светот со право може да се смета поранешната гимнастичарка, Јулиа Гунтел, позната под надимакот Злата, која со своите 170 сантиметри може да влезе во кутија со величина 50 сантиметри.
Оваа поранешна гимнастичарка е родена во Русија, а благодарејќи на својата флексибилност обори низа светски рекорди.
Своите вештини оваа 27-годишна која живее во Германија ќе ги покаже на овогодишната меѓународна конференција на перформери и акробати во Бергиш Гладбах, близу Келн, каде настапува како ѕвезда на Inernational Contortion Convention.
Својата неверојатна сила на свиткување Злата ја открила на само четири годишна возраст, а во училишната доба почнала да вежба циркуски вештини и од тогаш напорно вежба секој ден за да ја одржува флексибилноста. На 14 години се запишала на школата за модели, а на 16 години дошла во Германија каде ја започна кариерата на циркуска уметничка и фотомодел.