Апсење на граничниот премин „Богородица“ - приведени 15 лица
Синоќа, во 22:45 часот во близина на селото Милетково-гевгелиско, од страна на патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица било сопрено товарно моторно возило „Фиат-Дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од 28-годишниот М.Д. од Струмица.
Од страна на полициските службеници бил извршен преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти (од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани) кои биле приведени. За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа