Извадил пиштол и го удрил по главата - тепачка пред куќа во Гостивар, 4 лица во болница

 

Вчера, во 18:40 часот во Гостивар на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ пред куќата на 40-годишниот А.А., по претходна вербална расправија настанала тепачка меѓу лицата 59-годишниот Ѓ.Ј.и неговиот 38-годишен син М.Ј.од Гостивар, како и посочениот А.А.

Со намера да ги раздели, се вклучил и 27-годишниот М.И.

Во еден момент Ѓ.Ј. извадил гасен пиштол и со истиот го удрил М.И. во пределот на главата.  Со повреди се здобиле сите учесници во настанот и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар се пуштени за домашно лекување.

Извршен е увид, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

06.02.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега