ОЈО Велес побара притвор за педофилот кој силуваше 8-годишно девојче во Валандово

 

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен маж од Валандово поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете.

Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете, соопштува ОЈО Велес.

Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.​ 

 

 

 

06.02.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега