Охриѓанец се заканувал на жена дека ќе ја убие и објавувал нејзини фотографии на Фејсбук
Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот Р.Т. од село Лескоец, охридско за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста” и “злоупотреба на лични податоци”.
Во период од 13.01.2017 година до 18.01.2018 година, пријавениот, телефонски и упатувал закани по живот на 50-годишната Ж.Ш, а на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавувал фотографии од истата, под кои пишувал текстови со навредлива содржина.
06.02.2018 - 14:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа