МАПАС бара работници - вработете се за плата до 35.000 денари
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување вработува 5 лица.
Кон пријавата, секој кандидат потребно е да достави биографија, уверение за државјанство и заверени фотокопии кај нотар од диплома или уверение за завршено соодветно образование. Покрај доказите за исполнување на општите услови за прием, кандидатот треба да ги исполни и посебните услови според Правилникот за систематизација на работните места на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и тоа:
1. Систем аналитичар и програмер:
- VII степен на стручна подготовка од областа на информатичка технологија;
- Најмалку две (2) години работно искуство во струката;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8.30-16.30); основна плата 34.900.00 денари
2. Стручен соработник за контрола на исплата на пензии:
- VII степен на стручна подготовка од областа на економија, финансии, сметководство, инвестирање, осигурување, актуарска математика или право;
- Најмалку една (1) година работно искуство во струката;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери (Word, Excel и др.);
- Неделното работно време с од понеделник до петок, 8 работни часа (8.30-16.30); основна плата 29.800.00 денари
3. Стручен соработник за институционална контрола:
- VII степен на стручна подготовка од областа на економија, финансии, право, сметководство, инвестирање или осигурување;
- Најмалку една (1) година работно искуство во струката;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери (Word, Excel и др.);
- Неделното работно време с од понеделник до петок, 8 работни часа (8.30-16.30); основна плата 29.800.00 денари
4. Администратор:
- IV степен на стручна подготовка;
- Без работно искуство;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери (Word, Excel и др.);
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8.30-16.30); основна плата 23.000.00 денари
5. Раководител на одделение за општи и правни работи:
- VII степен на стручна подготовка од областа на правото;
- Најмалку три (3) години работно искуство во струката;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери (Word, Excel и др.);
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8.30-16.30); основна плата 34.900.00 денари
Рокот за доставување на пријавата изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување на огласот. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени за разгледување од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Пријавата со потребната документација треба да се достави на следната адреса: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Ул. „Стив Наумов“ 100, 1000 Скопје (со назнака за оглас)
Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување