Полицаец сопрел возило за рутинска проверка, па возачот физички го нападнал
Вчера во 20 часот и 20 минути во Охрид на раскрсницата од улица „Кеј Македонија“ со улица „Јане Сандански“, од страна на униформирани полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Охрид, при вршење на работи на безбедноста на патниот сообраќај, извршена е контрола по што лицето кое било сопрено предизвикало неред.
Имено сопрено било патничко моторно возило „Опел тигра“ со охридски регистарски ознаки управувано 28- годишниот од Ј.А од Охрид кој почнал да вика на висок тон и да биде агресивен, при што во еден момент Ј.А. физички нападнал приправник за полицаец се вели во соопштението.
Лицето е лишено од слобода, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа