Две млади момчиња од Велес украле „Југо“ па сакале да го продадат во отпад
Двајца велешани, 26- годишен Н.Д и 19- годишен С.Д, се уапсени вчера попладне во Тетово.
Како што информираат од полицијата, лицата во отпад лоциран на улица „29 Ноември“ во Тетово се обиделе да продадат патничко моторно возило „Југо“ без регистерски ознаки и со фалсификувана сообраќајна дозвола, а кое претходно било одземено на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје.
-По лишувањето од слобода и нивното задржување во Полициската станица Тетово, утврдено е дека С.Д. се барал со централен распис за извршени тешки кражби, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа